Кундера се огради од книгата за неговиот живот

Од:

Чешкиот писател Милан Кундера, кој од 1975 живее во Франција каде емигрирал, се противи на издавањето на роман инспириран од неговиот живот, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако според издавачите, младиот чешки автор Мартин Јуна, во поднасловот на романот напишал дека фактите во текстот не треба да се сметаат за сериозни, сепак го испратиле до Кундера, кој подоцна преку своите адвокати побарал промена на името, насловната страница и на дел од содржината на книгата.

Работната верзија на романот со наслов „Смртта на писателот К.“ се менува во „Доживотен затвор“.

Кундера, кој е автор на познатите романи „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“ и „Бесмртност“, ретко ја посетува Чешка и не комуницира со тамошните медиуми.

За своите последни романи издадени на француски јазик, Кундера се уште нема дадено согласност за да се преведат на чешки.

Во октомври 2008 година, чешките медиуми ја објавија истрагата спроведена од Чешкиот Институт за студии на тоталитарните режими, според која наводно Кундера за време на студиите бил соработник на полицијата и го кодошел младиот чешки пилот Мирослав Дворачек, што предизвика голем интерес и појава на разни анализи.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска