Кумановскиот театар ја подготви новата театарска престава „Грдиот“, чија што премерна изведба е закажана за 20. декември годинава. Претставата е работена по текстот на германскиот драматург Мариус Фон Мајенгбург, во режија на Дејана Николовска.
Режисерката Николовска на денешната прес конференција најави одлично театарско доживување и ја повика младата публика да ја погледне претстава, која,според надлежните праќа многу силни пораки.
– Со уфрлени моменти на хумор и сатира, драмата „Грдиот” спаѓа во жанрот на т.н. „црнa комедија”, работена по текстот на германски драматург Мариус Фон Мајенгбург, нема да ја остави рамнодушна публиката од почетокот до крајот на претствата.Наликува на лесно и комично театарко парче, но во неа се обработува сериозна тематика со реален завршеток. Очекуваме публиката да дојде и да ги прими пораките кои ги испраќа претствата,рече режисерката Дејана Николовска.
Преставата „Грдиот” е кратко, но структуирано драмско дело како што го нарекува светската критика, е социјална сатира со скокотлив и остроумен хумор. „Грдиот” обработува тема која е доста актуелна, а тоа е опсесијата на човекот со надворешниот изглед, ставајќи го како најбитен фактор во искачувањето на скалилото на професионалната кариера, што ќе води кон деперсонализација на самата личност.
Главната улога ја има Александар Микиќ, актер со долгогодишно искуство на театарската сцена.
– Брзото темпо на животот, глобализацијата, поставувајќи нерелани норми кои човекот се труди да ги достигне по цена на сопствениот живот ги оптоварува луѓето во модерното општество.Јас сум токму во ројлата на грдиот кој ќе направи пластична операција да го смени совјот изглед на подобро, но дали одвнатре ќе се чувствува подобро останува да погледнете, вели актерот Микиќ.
Во претставата, освен Микиќ ќе настапи и актерската екипа составена од искусни актери како што се Александра Пешевска и Оливер Митковски,како и Игор Трајковски кој дебитира во претствата.