Утре во 19:15 часот на сцената на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи првата реприза на куклената театарска претстава „Месечиново“ по текст, режија и во изведба на Колектив Ветерница.
„Месечиново“ е претстава од друѓе за луѓе која обединува куклен, физички и театар на сенки.
Улогите ги толкуваат Марија Бејкова, Ивана Нелковска, Билјана Митева, Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ. Куклите ги изработи Бруно Толиќ. Kостимографија е на Рената Димчов, а сценографијата на Велимир Жерновски. На реквизитата работеше Сања Симоска додека пак изборот на музика е на Ѓорѓи Јаневски. Дизајнот на промотивниот материјал е на Ангела Маневска, а анимација е од Вања Шереметкоски.
Цената на билетот е 150 денари. Резервации на тел. 02 311 52 25 или [email protected]