Куклена претстава во Прилепскиот театар

Од:

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утревечер премиерно ќе ја изведе куклената претстава „Калифот Штрк“ од Вилхелм Хауф во режија на Дарко Ковачевски. Претставата со марионети е прва во ансамблот и прилепските актери првпат работат на ваков театарски израз.

Режисерот Ковачевски има поставено 50 куклени претстави. Посебно го радува искуството со актерите од Прилепскиот театар кој во последните години бележи успеси.

– Актерите, заедно со композиторот, ќе ги оживеат куклите на конци на сцената. Ќе ја раскажат приказната за едно дете кое треба да порасне и од принуден, ќе стане достоен калиф, изјави режисерот Ковачевски. Тој дипломирал режија на претстави за кукли во Софија и режирал во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка.

Во претставата играат Владимир Ѓорѓијоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.
Музиката е на Владимир Џамбазов од Софија, а сценографијата на Надја Василева.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ