„Крлук“ – книга афоризми на Атанас Крлевски

Од:

„Македоника“ од Скопје ја објави книгата со афоризми „Крлук“ на македонскиот афористичар Атанас Крлевски. Книгата содржи близу 400 афоризми поделени во три циклуси, а е објавен и поговор од Ана Витанова-Рингачева. „Крлук“ е трета книга со афоризми на Крлевски. Претходно ги објавил  „Крлевизми“ и „Окрлавени мисли“.

– Мислите во „Крлук“ се сериозни, длабоко обмислени и промислени, напати мачни и непожелни за читање и слушање, но длабоко вистинити и суштествени. Тие засмејуваат, замислуваат, заведуваат, залажуваат, но пред сè и над сè отрезнуваат и освестуваат… Афоризмите на Крлевски ја цитираат стварноста, читателот има чувство дека тоа се негови зборови, едноставно читателот ја добива улогата на коавтор и со тоа го добива правото нив да ги цитира за свои потреби, пишува Витанова-Рингачева.

Атанас Крлевски (Ташкент, 1956)  живее и работи во Велес и афоризми пишува три и пол децении.  Автор е на многу антологиски афоризми, наградуван е во земјата и во странство и е застапуван во меѓународни антологии. Објавувал во „Остен“, „Студентски збор“, „Млад борец“, „Македонски остен“, а денес соработува во повеќе печатени и  електронски сатирични списанија и потрали.  

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска