Кристина Мерклер ја доби Гран При наградата на поетскиот фестивал „Литературни искри“

Од:

Со прогласување на најуспешните и читање на поезија од поети учесници, заврши годинешното, четврто по ред издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар.

Гран При наградата на годинешното издание ја доби Кристина Мерклер, родена гостиварка која моментално живее и работи во Скопје. Првото место и припадна на Фросина Тасевска од Штип, второто го освои Цветанка Колева од Кавадарци, а третото, Ирена Јурчева од Скопје.

За најдобар странски автор на овогодинешниот фестивал беше прогласена Марина Јовановиќ од Србија, поетеса, писател и филозоф, автор на неколку стихозбирки и роман. Наградата „најуспешна млада искра“, ја доби осумнаесетгодишната Ива Пуовиќ од Скопје.

Огранизаторот, Центарот за култура АСНОМ на сите наградени им врачи плакети и книги

– Ни претставува чест што сме домаќини на овие квалитетни поетски имиња и не радува што нашиот фестивал веќе станува препознатлив меѓу поетската јавност во земјава и надвор од неа, рече директорот на Центарот за култура, Луан Зенки во своето обраќање.

Во изборот на годинешните финалисти, влегоа над 70 поети од Македонија и од балканските земји.

На манифестацијата денес, беше промовирана и заедничката збирка во која се застапени 20-тина поети, селектирани според бодувањето на жирито.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на Сесловенските просветители, 24-ти Мај, а се одржа во центарот за култура АСНОМ.

Би можело да ве интересира

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор