Крими трилерите „Човек од костени“ и „Стапица“ објавени на македонски јазик

Од:

Во пресрет на овогодинешниот Саем на книга, во издание на „Бата прес“ објавени се два популарни психолошки крими трилери „Човек од костени“ од данскиот писател Сорен Свеjструп и „Стапица“ од исландската авторка Лилја Сигурдардотир, а делата од англиски јазик ги преведе Елена Маџоска-Шикоска.

Романот на данскиот автор Сорен Свејструп бележи неверојатен светски успех, а наскоро ќе биде прикажан како тв серија на „Нетфликс“.

– Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив, пишува „Њујорк Тајмс“ за романот.

Данскиот писател и сценарист Сорен Свеjструп, роден 1968 година, е признат сценарист и филмски продуцент на повеќе телевизиски серии од кои најпозната е Убиство, а инспирација наоѓа во делата на Агата Кристи и Артур Конан Дојл.

Лилја Сигурдардотир е родена во 1972 година во градот Акранес и пораснала во Мексико, Шведска, Шпанија и Исланд. Наградувана е како писателка на драми. Таа има напишано четири крими-новели, а „Стапица“ е првата од новата серија и беше на листите на бестселери во светот.

Авторката Лилја Сигурдардотир, пред објавувањето на делото, во видео обраќање им се обрати на македонските читатели, нагласувајќи дека жали што поради здравствената криза не може да ја посети Северна Македонија и да се сретне со нив.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска