„Крилести одаи“ на Јоана Шишкова промовирана во Крива Паланка

Од:

Втората поетска збирка на Јоана Шишкова денес беше промовирана во Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка како придружен настана на 10. Меѓународен театарски фестивал, „Св.Јоаким Осоговски“.

-Токму на десеттата годишница од фестивалот имаме богата придружна програма и вгостивме бројни извонредни творци и уметници, заедно со актерите и театарските екипи, а сето тоа, овозможено од покровителот, локалната самоуправа на Крива Паланка, рече директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски.

Промоторот, Гоце Ристовски рече, дека „Крилести одаи“ крие одредена парадоксалност, но, како што потенцира, тоа е прекрасна метафора со која авторката го означува внатрешниот свет на секој поединец, желбата да се воздигне, она што е најважно.

– Актуелна поезија, лирска, но и истовремено и рефлексивна, со многу знајби. Жанровски, социјална, во која авторот пее за она што се случува во светот, на нашите простори и во секој човек, поединец: вечната борба помеѓу доброто и злото, меѓу позитивното и негативносто. Шишкова прави обид преку поетски средства да се заложиме за еден по добар и по убав свет. Јоана пее за родниот град, Скопје, има песна во која ги опева промените на градот на нејзиното детство, пее за социјалните теми, но е исклучително посветена на уметноста, бидејќи е дете од исклучително уметничко семејство, истакна во освртот на книгата.

Поезијата на Шишкова поместена во „Крилести одаи“ е поделена во три поглавја во книгата: „Падот на градот“, „Зсолниште“ и „Крилести одаи“, што според авторката е своевиден пандан на пеколот, чистилиштето и рајот на Данте.

– Оваа книга е за мене едно лично патување, во време на превирања и оттуѓеност на човекот, кога човекот има потреба за едно морално откритие и креативна потрага по духовност. Рене Декарт кажал „Мислам значи постојам“ што значи – царството на мисли е апсолутна слобода. Во овој случај, за мене апсолутна слобода е царството на пишаниот збор и бескрајна креација да можам да споделам и кажам нешто што не би можела веројатно, во реалниот живот да го направам, рече Шишкова.

Според неа, единствено во едно уметничко дело лежи идеалното место за хармонија и меѓусебно и идеално разбирање меѓу луѓето.

– Првата книга„Креативна бурлеска“ ми е посветена на таеатарот, како моја прва и безвремена љубов, а оваа книга е лично патување на една човекова душа и нејзино минување на сите етапи на морално и духовно созревање, едно кршење на правила и прописи поставени од другите, на социјално прифатливо однесување, кои, фројдовски кажано, мора да ги скршиме, за да доживееме морален или духовен опстанок, воопшто, додаде Шишкова.

Трите поглавја, во книгата, рече, се симболика која доведува до темнината, до просветлување на човекот, до доаѓање на крилестите одаи, низ менување на поетското градиво, од жестоко видување до смирување на страстите и умирување, доаѓајќи до почетокот.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот