Конзервација на Куќата на Ајри Доко во Охрид

Од:

Проект за факсимилна обнова на објектот од староградската охридска архитектура познат како Куќата на Ајри Доко, лоциран на улицата „Цар Самуил“ во Охрид реализира Министерството за култура во соработка со Заводот за заштита на спомениците и музеј – Охрид, а во рамки на програмата за заштита на културното наследство.

Досега, соопшти Министерството за култура, се завршени градежните активности на надворешноста, а во тек е ентериерното уредување на овој објект кој е типичен пример на архитектура од 19 век, што е предвидено да заврши до крајот на август.

Во изминатите години беше извршена факсимилна обнова на ова евидентирано споменично добро и репрезентативен објект кој во минатото, поради сериозните оштетувања на темелите, беше урнат и потоа беа ставени темелите на новиот објект и беше бетонирана првата плоча. Градежните работи продолжија со што беа оформени приземјето и катот од објектот, беше поставена дрвена покривна конструкција, а се санираше и фасадата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел