Друштвото на писателите на Македонија го состави новото претседателство. За секретар на ДПМ за активности во земјата е избран Панде Манојлов, а за секретар за меѓународна активност Кочо Топузоски, соопшти ДПМ.
Соработката на Друштвото со книжевните манифестации ќе ја води Ресул Шабани, а одговорна за трибините на ДПМ ќе биде Соња Стојменска-Елзесер.
На конститутивната седница на ДПМ е избран и новиот организациски одбор на меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“. За нов претседател на манифестацијата е избран Владимир Мартиновски.
На изборното собрание кое се одржа на 5 април, за претседател на ДПМ беше избран Веле Смилевски, а Раде Силјан за претседател на Собранието на македонската писателска асоцијација.