Конкурс за откуп на публикации – први изданија

Од:

Министерството за култура информира дека е во тек Конкурсот за откуп на публикации (први изданија), чија цел е стимулирање и развој на издавачката дејност во Македонија и збогатување на библиотечниот фонд со публикации од областа на културата и уметноста, согласно со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017.

Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година.

Конкурсот е отворен до 14 декември 2015. Може да учествуваат: правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација; автори-издавачи на сопствени дела (публикации); автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд.

– Министерството за култура при разгледување на понудените публикации за откуп ќе даде приоритет на: оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците; публикации наменети за деца и млади; публикации наменети за лицата со посебни потреби. Ќе се откупуваат само публикации кои се издадени во наведениот период, односно во 2014 и 2015 година, и кои претходно не биле откупени или финансирани од Министерството за култура. Од понудените печатени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци, соопшти Министерството за култура.

За учество на Конкурсот треба да се пополни пријава која може да се преземе од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска