Конкурс за најдобра фотографија од Скопје

Од:

Град Скопје традиционално распиша конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија со мотиви од Скопје и ги поканува професионалците, аматерите и учениците, вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.

Критериумите ги содржат следните точки:

  • Мотивите на фотографиите да се од Скопје;
  • Да се достават минимум 10, а максимум 50 фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите;
  • По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии;
  • Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален .jpg или друг формат, со висока резолуција
  • Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години
  • Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи сите пристигнати фотографии
  • Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија, односно:

Првата награда изнесува 50000 денари, втората 40000 денари и третата 30000 денари.

Конкурсот почнува денеска, 22.05.2013 година и ќе трае 15 дена од денот на објавувањето. Пријавите за Конкурсот што нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари