Конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“

Од:

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје објави конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобра книга објавена во 2021 година.

Како што соопшти организаторот на конкурсот, наградата се  доделува за иновативна, експериментална и креативна книга.

Конкурсот ќе трае до 31 јануари, а добитникот на наградата ќе биде познат до крајот на идниот месец.

Заинтересираните за учество на конкурсот треба да пратат или достават по еден примерок од своите книги на адреса: „Македонија презент“, ул.„Костурски херои“ бр.35, 1000 Скопје или по е-пошта: [email protected]

Наградата е во вид на плакета. Досега ја добиле авторите: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтескa, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска-Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска-Станоеска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска