Конкурс за манифестацијата „Топол културен бран 2014“

Од:

Министерството за култура објави Конкурс за  учество во финансирање за реализација на седмата манифестација „Топол културен бран“, која и ова лето ќе се одржува во две етапи: од 20-ти до 31 јули и од 20-ти до 31 август 2014.

На конкурсот може да учествуваат општините во Република Македонија. Манифестацијата ќе се реализира преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа. Општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

Како што стои во објавениот конкурс, програмскиот концепт може да содржи самостојни и групни ликовни изложби, концерти од сите музички форми и жанрови (солистички, камерни, симфониски, популарни, етно, џез,  концерти на фолклорни и хорски ансамбли…), изведби на класичен и современ танц, филмски проекции, драмски претстави, проекти наменети за најмладата популација, поетски читања итн..

Министерството за култура ќе учествува во финансирањето на најмногу пет проекти распоредени во двете етапи. Учесниците ќе бидат писмено известени за резултатите од конкурсот.

Пријавувањето на проектите е преку пополнување на пријавата  која е објавена ќе веб-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).  Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето (10 мај).  Проектите треба да се достават до Министерството за култура преку пошта, на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“, бр. 61 Скопје, или во писарницата на Министерството, најдоцна до 16 часот на последниот ден од конкурсот.

– „Топол културен бран“ е една од низата манифестации кои Министерството за култура традиционално ги поддржува и кои во летниот период им овозможуваат на граѓаните да проследат бројни, интересни културни содржини, концерти, театарски претстави, литературни читања. Mинатата година се реализираа повеќе од 110 културни настани во 29 општини низ Републиката. Целта на манифестацијата е да се поттикнат рамномерниот културен развој, афирмацијата на културните вредности и  анимирање на културата на локално ниво и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање