Конкурс за годишни награди од Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“

Од:

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ го објави конкурсот за годишните награди за необјавени книги поезија, проза и книжевна критика, напишани од македонски автори, како и награда за книга напишана на македонски јазик од странски автор.

Јавниот конкурс е составен дел на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, а наградените ќе добијат диплома, печатење и промоција на наградените книги.

-Препорачуваме ракописите, комплетно графички уредени да се испраќаат на адреса bkkmanifestacija@gmail.com, во Word и pdf-формат до 3 ноември и притоа за категоријата поезија и проза обемот на ракописите да биде од 60 до 80 страници, додека во категоријата книжевна критика од 80 до 100 страници.

Според претходно утврдени правила и пракса, на конкурсот немаат право да учествуваат членовите од раководството на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, како и досегашните добитници на награди во која било категорија, изјави за МИА Елизабета Јончиќ, претседателка на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска