Конкурс за државната награда „11 Октомври“ за 2014

Од:

Од утре до 31 мај ќе трае конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2014 година, соопшти Министерството за култура. Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „11 Октомври“ се доделува секоја година, на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Според условите определени во конкурсот, наградата може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Македонија.

Иницијатива за доделување на државната награда „11 Октомври“ може да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Иницијативите треба да се достават до Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „11 Октомври“, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 – Скопје, Република Македонија.

Подносителите потребно е да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани прецизни биографски податоци за лицето и податоци за установа,трговско друштво или здружение на граѓани, точна адреса, улица, број, место, град, држава, податоци за остварените резултати во областа во која е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон. Текстот на иницијативата да се достави во 20 примероци, а трудови, книги, публикации, кои се третираат како прилози треба да се достават во еден примерок.

Наградените ќе добијат диплома, плакета и паричен износ, или петнаесет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска