Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија

Од:

Во музичкиот центар „Борис Христов” во Софија синоќа концерт одржа македонското музичко „Дуо Кировски“ – Маја Шутевска-Кировска на пијано и Љубиша Кировски на виолина и виола.

Пред публиката во Софија тие се претставија со пет пиеси за пијано и виола од балетот „Ромео и Јулија” од Прокофјев, „Сонатата за виолина и пијано” од Корилјано и две дела специјално напишани за нив -Dancing with my shadow од Илиевска-Бете (по повод 20 годишнината од постоењето на Дуото) и „Вечера немаме” од Бужаровски.

На концертот освен претставници од дипломатскиот кор и Министерството за култура на Бугарија, присуствуваа и професори и студенти од Музичката Академија „Панчо Владигеров” во Софија.

Дуо Кировски успеа со својата исклучителна музичка интерпретација да измами долги аплаузи и бис од публиката.

Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија го организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка на македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска