Печалбари од Кичевско кои живеат и работат во САД им подарија нови концертни пијана од марката „Каваи“ на Центарот за култура во Кичево и на шест основни училишта.
Мазлам Османи, директор на НУ Центар за култура во Кичево, изјави дека печалбари од кичевскиот регион, кои подолг период живеат и работат во САД, ги подариле инструментите од јапонско производство и имаат првокласен звук.
– Пијаното е поставено на сцената во големата сала и ќе им биде на располагање на уметниците од градот, како и на гостите кои ќе настапуваат во нашиот Центар за култура. Познато е дека нашиот град изобилува со голем број музички таленти, изјави Османи.
Општина Кичево помогна да се помине без проблеми постапката за царинење на пијаната.