Концертна серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ во Музеј на македонската борба

Од:

Концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје, започнува вечерва и ќе трае до 29 ноември.

Како што информираат од Факултетот за музичка уметност, на програмата од концертната серија која се одржува во Музејот на македонската борба се дела од светската музичка литература во изведба на студенти.

Денеска со почеток од 20 часот ќе настапат студентите од класите по гудачки интрументи, гитара, дувачки инструменти и камерна музика. На репертоарот утре, во исто време, се студентите од класите по соло пеење и корепетиција, а во понеделник од 20 часот студентите од класите по пијано.

Во рамки на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност започнува и со циклус предавања „Научни среди“. Предавањето ќе го отвори професор д-р Снежана Филиповска со тема „Балетската уметност како составен дел од културните збиднувања во Македонија“ на 1 декември на платформата zoom со почеток во 19 часот.

Влезот е слободен, а заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на [email protected].

Би можело да ве интересира

Научна среда со етномузикологот Александар Димитријевски и „Musica Viva за деца“

Ана Ололовска

Концерт „Уметничка соработка“ во рамки на програмата „Musica Viva“

Ана Ололовска

Одбележување на 55-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност

Ана Ололовска

Факултетот за музичка уметност со свечен концерт ќе одбележи 55 години постоење

Ана Ололовска

Факултетот за музичка уметност – Скопје одбележува 52 години од основањето

Ана Ололовска

Концерт на студентите од ФМУ и Славица Галиќ Петровска

Ана Ололовска