Триото „Опера“ во состав: Татијана Петрушевска Караскаковска – обоа, Игор Бакревски – кларинет, Марјан Милошевски – фагот, вечер, во рамки на манифестацијата „Есенски музички свенечености“, концертно ќе го промовира компакт дискот „Звукот на трските“.
Концертот ќе се одржи во фоајето на Македонската опера и балет.
Во своето прво ЦД, триото преку интерпретации на делата од значајните француски композитори од 20-от век Жак Ибер, Дариус Мијо, Анри Томази и од познатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица, истражува нов и различен репертоар, пројавувајќи одлично чувство на ансамбл и стил.
„Опера“ е оформено во 2015 година како резултат на долгогодишна соработка на членовите во Оркестарот на МОБ. Целта е да се развие концертна дејност како ансамбл, вон активностите во оркестарот. Досега реализира соло-рецитали, концерти со други камерни ансамбли и соработка со повеќе професионални оперски куќи, симфониски оркестри во Република Македонија и во странство.