Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе одржи концерти во Охрид и во Прилеп. Првиот концерт е вечер од 20.30 часот во црквата „Света Софија“ во Охрид, каде настапот е посветен на Конгресот на радиолозите на Република Македонија.
Членовите на Мандолинскиот оркестар утре со почеток во 18 часот ќе приредат концертна вечер и во Прилеп.
Под диригентство на Рамадан Шукри и Ерхан Шукри ќе настапат солистите: Серафина Фантаузо, сопран; Илија Бел Стојаноски, тенор; Ерхан Шукри, виолина; Лазар Сандев, мандолина и Глигор Поповски, вокал.
На програмата ќе бидат изведени дела од Бах, Моцарт, Верди, Бизе, Џ. Вилијамс, Х. Родриго, К. Мандонико. Ј. Штраус, М. Ордуљ, С. Кардиљо, Ди Капуа, Тошевски, Димитров и други.