Концерти на Фолтин во Куманово, Штип и Струмица

Од:

Групата Фолтин ќе одржат три самостојни концерти, во Куманово, Штип и Струмица. Во Куманово во Големата сала на НУЦК на шести септември, во Штип – НУЦК Голема сала на 13ти, и во Струмица – НУЦК Голема сала на 21ви септември.

Фолтин имаат континуитетот од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на Фолтин, но и песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“.

Концертите се организираат со поддршка на Министерство за култура и во соработка со центрите за култура во Куманово, Штип и Струмица.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Концерт на „Фолтин“ во Тирана

Ана Ололовска