Концерт „Wandering Echoes“ на Младинскиот хор од Солун

Од:

Младинскиот хор од Солун вечерва во малата сала на Филхармонијата во Скопје одржува концерт „Wandering Echoes“. Пред македонската публика хорот на Музичкото училиште во Солун се претставува првпат со посебна програма за ова прилика, која вклучува широк спектар од традиционални грчки и модерни мелодии.

Грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду пред почетокот на концертот појасни дека идејата за овој настан почнала минатиот март, кога Државниот оркестар од Солун присуствувал тука на концерт.

– И на некој начин ова е продолжение на тој настан. Не радува тоа што тука се деца од музичкиот хор од Солун и така почнуваме една поголема соработка со музичките училишта од вашата земја. Главно соработката е со музичкото училиште од Скопје и со музичкото училиште од Кочани, кои денеска се наши почесни гости, изјави Филипиду.

Советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис потенцира дека се работи за концерт кој, како што рече, ги надминува границите на музиката и испраќа пораки за соработка и за пријателство и токму и затоа е интегриран во програмата на Државниот орекестар од Солун.

-Убеден сум дека ќе уживате во вечерашниот перформанс на хорот од музичкото училиште од Солун, изјави Константинидис.

Според директорката на Музичкото училиште од Солун Александра Мавриду, со големо задоволство ја прифатиле поканата на Грчката амбасада да присуствуваат во Скопје и да учествуваат во организацијата на овој концерт.

– Денешната средба што ја остваривме со директорката на музичкото училиште од Кочани и со учениците од Кочани испрати големи пораки за сите музички училишта во Грција за соработка, пријателство и заемна почит. Многу велат дека оваа соработка е всушност еден начин на културна дипломатија. Јас велам дека музиката и уметноста даваат култура на дипломатијата, рече Мавриду.

Директорката на Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани Марија Лазарова изјави дека викендов, на покана на амбасадорката на Грција, ученици од општината биле дел од едно, како што рече, прекрасно патување и музичко доживување.

– Верувајте дека уште не почнал концертот, но сите ние сме восхитени од приемот во Амбасадата, од опкружувањето и целосното внимание што ни го посветија овој викенд. Децата се презадоволни и се надевам дека сите заедно ќе заминеме со едно искуство и мотив повеќе за уште поголеми успеси, пред се на културно ниво. Се надевам дека соработката со колегите од Музичкото училиште од Солун ќе продолжи и понатаму, вели Лазарова.

Ана Стамоглу од Младинскиот хор од Солун изрази задоволство што денес се тука и што можат да одржат концерт во Филхармонија. На овој начин, како што рече, може да се остварат вистински пријателства и да имаме соработка.

Ученичката Бјанка Димов пред почетокот на концертот изјави дека овој викенд учениците од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани заедно со нивните другарчиња, деца кои изгубија свои најблиски во трагедијата во Кочани, ќе присуствуваат на концертот, организиран од страна на грчкиот хор.

-Многу сме среќни на оваа покана и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со вакви соработки. Од Кочани се дојдени 11 деца, пет деца од музичкото училиште и шест деца од Кочани, кои изгубија свои најблиски. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи соработката, дека ќе се дружиме и ќе стекнеме нови пријатели, рече Димов.

На концертот присуствуваше и евроамабасадорот Михалис Рокас.

Би можело да ве интересира

Џијан Емин и Франческо Тристано – музичките архитекти на инаугурацијата на Неговото Кралско Височество Гиjом од Луксембург

Горан Наумовски

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

(ВИДЕО) Снимка од концертот на Јоце Панов, последниот концерт на Сара Пројковска

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Пејачи го откажуваат настапот на пикникот на СДСМ: „Не ни кажаа дека ова е партиски собир, изманипулирани сме“

A1on

Тепачка на концертот на Теа Таировиќ во Битола: Малолетници се пресметале со ножеви

A1on