Концерт во чест на Георги Божиков-Бас

Од:

Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, Македонската опера и балет вечер ќе одржи концертот во чест на оперскиот пејач Георги Божиков-Бас (1931-1986).

Концертот е дел од Програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување на значајни настани и личност, а поводот е 30 години од смртта на еден од најзначајните оперски уметници на Македонија, басот Георги Божиков.

На концерот во  чест на Георги Божиков, ќе настапат Тихомир Јакимовски-бас, Владимир Саздовски-бас, Борис Трајанов-бас-баритон, Игор Дурловски-бас и пијано придружба-Елена Сиљаноска.

Во рамки на одбележување, вечер ќе биде отворена и изложбата „Од уметничкиот пат на Георги Божиков“ и ќе биде промовирана монографијата „Жоро“ од Снежана Анастасова Чадиковска. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска