Концерт по повод Светскиот ден на хармониката

Од:

По повод Интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника вечер во Mузејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје ќе се одржи концерт  во организација на Здружението на хармоникашите од Македонија „Љубители на класична музика”.

На свечениот концерт ќе настапат ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска, како и реномирани уметници од целата држава. На програмата ќе бидат изведени дела од: Хендл, Золотарјов, Дербенко, Илиевска- Бете, Војтенко, Пјацола и други.

Здружението „Љубители на класична музика” Скопје  е членка на Светската унија на хармоникашите – Confédération Internationale des Accordéonistes (CIA), која во 2009 година одлучи 6-ти мај да го прогласи за Светски ден на хармониката. На тој датум во 1829 година за прв пат е патентиран инструментот хармоника.

Меѓународниот проект „6-ти мај Светски ден на хармониката” македонското здружение на хармоникашите го поддржува со реализација на концерти во земјата и странство. Оваа година по петти пат здружението организира свечен концерт по тој повод.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска