Националниот ден на Република Чешка – 28 Октомври утревечер ќе биде одбележан со онлајн концерт со музиката од најпознатиот чешки композитор Антонин Дворжак. Делата од Дворжак ќе ги изведат македонските уметници – Дино Имери, Диана Имери Илкоска, Андреј Наунов и Гонца Богоромова Краповски.
Како што соопшти Амбасадата на Република Чешка во Скопје, годинава одбележувањето на празникот е на овој начин поради пандемијата со Ковид-19.
Концертот ќе може да се проследи и преку дигитален билборд што ќе биде поставен на плоштадот „Македонија“, со почеток во 17:00, 18:00, 20:00 и 21:00 часот.