Концерт на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова во КИЦ во Софија

Од:

Во присуство на претставници од културната и творечката сфера во Бугарија, во Културно -информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, се одржа концерт за обоа и флејта на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Елена Дојчинова е прва флејта во Националната филхармонија на Северна Македонија и е меѓу најдобрите флејтисти во земјата.

Нејзиниот колега Владимир Лазаревски е првата обоа во Македонската филхармонија. Лазаревски има магистрирано на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, кај професор Георги Желјазов. Тој бил и соработник на Бостонскиот симфониски оргестар.

Двајцата се претставија со богата програма, со класични дела во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, која ги воодушеви љубителите на класичната музика.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска