Концерт на Васил Атанасов и Тодор Светиев во Велес

Од:

На малата сцена на новиот театар во Велес, а во рамките на манифестацијата „Велес – Град на културата 2015“, синоќа заеднички концерт изведоа македонските уметници на класичната музика, професорите Васил Атанасов на обоа и Тодор Светиев на пијано.

Тие ја одушевија присутната велешка публика со изведба на дела од Лолет, Шуман, Сеинт, Стојков и Колин.

Во изјавата за МИА проф. Васил Атаносов потенцира дека првпат настапува во новиот театар, на малата сцена, а за наредниот пат најави дека ќе свири и на големата камерна сцена на театарот за која оцени дека е прекрасна.

Информира  дека ова му е прв солистичко концерт во Велес со пијано придружба, а порано често гостувал со Македонската филхармонија. Се присети дека  во 1996 година во Велес, одржал и   прекрасен  концерт со Македонската филхармонија и врвниот музичар Ангел Шурев по потекло велешанец, а по повод 40 години од основањето на првото музичко училишта во Македонија, во Велес, а од концертот одтанале и тонски записи.

Васил Атанасов и Тодор Светиев на 6 октомври одржаа заеднички концерт во Скопје, на 10 октомври на Фестивал во Бусенца, Италија, а по Велес планираат ново гостување во Италија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска