Концерт на триото „АкордиоМ“ во Софија

Од:

Триото „АкордиоМ“ вечер ќе одржи концерт во Културно – информативниот Ценетар на Република Македонија во Софија.

Триото „АкордиоМ“ го сочинуваат хармоникашите Зорица Каракутовска, Бојан Волчевски и Филип Стамевски.

Претходно членовите на овој состав биле дел од разни камерни ансамбли, но последните неколку години настапуваат заедно во овој состав.

До сега имаат реализирано повеќе концерти во Република Македонија, како и во странство (Србија, Италија).

Зорица Каракутовска е професор по хармоника и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје и на Факултетот за музичка уметност Скопје. Професорката Каракутовска е претседател на Македонското здружение на хармоникаши „Љубители на класичната музика“ Скопје.

За време на своето школување била добитник на голем број награди на разни натпревари, а откако започнува да се занимава со педагошка работа до денеска нејзините ученици и студенти се имаат стекнато со повеќе од 200 награди на државни и интернационални натпревари од највисок ранг.

Од класата на Проф. Каракутовска потекнуваат и хармоникашите Бојан Волчевски и Филип Стамевски, денешни колеги и членови на триото. Секој од нив има освоено голем број награди и признанија и имаат богата и успешна концертна дејност како солисти и како членови на разни камерни состави.

Овие млади музичари имаат настапувано на концертните подиуми во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Португалија, Луксембург, Италија и др. земји во Европа.

Репертоарот на триото „АкордиоМ“ се состои од транскрипции на дела оригинално напишани за други камерни состави (Вивалди, Бах, Моцарт), како и оригинални дела за хармоника (Дербенко, Пјацола, Гаљано).

Во својот репертоар триото вклучува и дела од младата композиторка Елизабета Илиевска-Бете, во кои таа на современ начин и преку разни техники на компонирање обработува македонски традиционални песни.

Триото минатиот месец имаше успешен целовечерен концерт во Италија во рамките на реномираниот фестивал за хармоника „Акордион Арт Фестивал“.

Гостувањето во македонскиот КИЦ во Софија е поддржано со Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2014 година.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска