Концерт на „Трио џентлмен” во Крива Паланка

Од:

Во дворот на црквата „Св.Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка синоќа се одржа целовечерен концерт на „Трио џентлмен”,

Кривопаланчани имаа прилика да уживаат во изведбата на трите оперски професионалци,тенорите Дарко Нешовски и Дејан Стоев и баритонот Кристијан Антовски.

Настанот е во организација на општина Крива Паланка во соработка со Центарот за аудиовизуелни уметности „Каартс” Крива Паланка, а е поддржан од Министерството за култура.

– Општина Крива Паланка се погрижи и оваа година кривопаланечката јавност да има можност да проследи разновидна и богата културна програма со бројни настани од книжевната, музичко-сценската, ликовната и театарската уметност. Овој настан е само еден од низата, кој покрај традиционалните манифестации ќе ја збогатува културната понуда годинава, информира службата за комуникација со јавност при општината.

На репертоарот на „Трио џентлмен” освен класични композиции се најдоа и светски поп- хитови изведени во класичен стил, канцони, шпански композиции, дел од македонското творештво, со што придонесоа Кривопаланечката јавност да ужива во еден несекојдневен и уникатен настап и стил на музичко претставување.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска