Концерт на светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман во Скопје

Од:

Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман во придружба на жичан октет на 1 април ќе одржи концерт во Македонската опера и балет во Скопје.

Светскиот виртуоз пред скопската публика ќе се претстави со неговите безвременски композиции кои ја воодушевуваат публиката на сите континенти.

Ричард Клајдерман е француски уметник со рекордна продажба на албуми, кој го има популаризирано пијаното ширум светот повеќе од кој било, после Бетовен. Запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен пијанист со продадени над 90 милиони албуми во светот.

Познат е како „принцот на романтиката”, поради неговиот стил на изведба на композициите.

Клајдерман ги полни салите и стадионите уште од 1976 година, кога неговиот прв сингл „Балада за Аделина”, компониран од францускиот музички продуцент Пол де Сеневил, достигна продажба од 22 милиони копии во 38 земји.

Оттогаш Клајдерман снимил над 1.000 мелодии, со што станал еден од најуспешните инструментални репродуктивни уметници во светот, со продадени над 90 милиони албуми. На врвот од својата кариера реализирал 200 концерти за 250 дена.

Негови најпознати композиции освен “Балада за Аделина” се: “Love Story”, “Piano Concerto”, “Arabesque”, “Warsaw Concerto”, “Fur Elise”, “Clair De Lune” и многу други.

Ричард Клајдерман има издадено многу албуми со разновидна музика, од мелодии на популарни песни до класични исполненија на пијано. Најчесто изведува композиции на Бетовен, Шопен и Моцарт.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска