Концерт на студенти по популарна музика на ФМУ

Од:

Во салата на кино „Фросина“ вечер од 20 часот концерт ќе одржат студентите од студиската програма популарни музички жанрови на Факултетот за музичка уметност, насловен „In the Key of Life”.

Влезот за концертот е слободен. Ќе настапат неколку вокално-инструментални состави на студентите од прва, втора и од трета година. Како солисти ќе се претстават студентите по гитара, саксофон, бас-гитара, соло-пеење и удирачки инструменти, oд класите на професорите Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Александра Поповска, Дамјан Пејчиновски и Влатко Нушев.

– Посетителите ќе имаат можност да слушнат теми и аранжмани кои  не се изведуваат често кај нас, од Стиви Вондер, Ејми Вајнхаус, Бејдн Пауел,  како и неколку теми на Кол Портер, Дејна Роу, Хенри Кригер  и други од мјузикли на Бродвеј. Ќе прозвучат и делата на Драган  Ѓаконовски-Шпато, основоположникот на македонската популарна и џез-музика,  информира ФМУ

Со оваа студиска програма, која на ФМУ почна пред неполни три години, првпат се изучува и популарната музика во една високообразовна институција во Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска