Концерт на Скопскиот дувачки квинтет во Израел

Од:

Скопскиот дувачки квинтет синоќа во Културниот центар „Енав“ во Тел Авив се претстави со целовечерен концерт по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел.

Концертот наиде на одличен прием од публиката, а покрај класични, беа изведени македонски и израелски дела.

Скопски квинтет

На настанот му претходеше и македонско-израелска изложба на фотографии од авторите Карие Харт и Љупчо Благоевски. Настанот беше во организација на македонската Амбасада во Израел, а со поддршка од Министерството за култура на Македонија.

Скопскиот дувачки квинтет утре ќе настапи во Италијанско-еврејскиот музеј во Ерусалим, каде ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе бидат изведени дела од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Гершвинкако и македонски и израелски автори.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска