Концерт на Симфонискиот оркестар Шенжен од Кина

Од:

Со концертот „Мелодија на Шенжен – Кинеска вечер“ на Симфонискиот оркестар на Шенжен од Народна Република Кина вечер во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе заврши музичкиот дел на фестивалот Охридско лето.

Со концертот ќе предводи еминентниот кинески диригент Лин Даје. На програмата се дела на Ванг Ксилин, Ванг Нинг, Чен Ганг/Хе Жанхао, Чајковски и Зографски.

Симфонискиот оркестар на Шенжен е формиран во 1982 година. По успешното деби во 1985 година, оркестарот се изгради во реномиран уметнички колектив, кој на репертоар има повеќе од 80 симфонии и 100 прочуени оркестарски дела на кинеските и странските композитори. Од 1987 година активно настапува на концертните и фестивалските подиуми во Кина и во другите азиски и европски земји со над 100 концерти годишно, учествува и на бројни фестивали, како Кинескиот интернационален хорски фестивал, Модерниот музички фестивал во Пекинг, Музички денови во Истанбул, Италијанскиот фестивал „Милт Фистер“, Францускиот фестивал во Динар и на првиот Светски будистички форум. Оркестарот е прв колектив од Азија поканет да настапува во катедралата Св. Луи и во палатата „Инвалиди“ во Париз, а лани настапи во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Со оркестарот соработувале познатите кинески диригенти Делун Ли, Танг Мухаи и Чен Зуоанг, но и од други земји, меѓу кои Лиор Шамбадал, Хуско Мајкл, Фостер, Смарт и други.

Младиот кинески диригент Даје по четиригодишните студии во Берлин се враќа во Кина, каде почнува активна диригентска дејност. Диригирал со најголемите оркестри во Кина на најзначајните фестивали и концерти, а од септември 2010 година работи како главен диригент на симфонискиот оркестар во Гуангзу, со кој направиле турнеја низ Европа. Освен оркестрите во Кина, Лин Даје за време на своите студии диригирал и со некои од познатите европски оркестри, како Берлинскиот симфониски оркестар, Брандербуршкиот симфониски оркестар и Франкфуртскиот симфониски оркестар.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска