Вечерва, во Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија, со почеток во 20.30 часот, концерт ќе одржи Сара Ароести во рамките на манифестацијата Скопско лето.
Учествуваат: Вевки Амедов, Шаи Бачар, Сефедин Бајрамов, Мајан Доари, Шани Шавит, Хелена Суша.
На 30 јули (сабота) ќе се одржи европска промоција на албумот Click right here, џез-концерт на Ори Даган (Ori Dagan) – вокал, Канада, на платото пред „Ист гејт мол“, со почеток во 21 часот.
Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт-саксофон, Иван Иванов – тенор-саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Гордан Спасовски – пијано, Зоран Костадиновски – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас, Виктор Филиповски – тапан