Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Од:

По успешната турнеја во Италија и спектакуларниот концерт на „Охридско Лето”, камерниот оркестар „Профундис“ со нов, уникатен проект ќе се претстави пред македонската публика.

Концертот насловен „Фузија“ ќе спои два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија заедно со светски познатата виолинистка Ирина Мурезану (САД/Романија) која за првпат ќе настапи во Македонија.

Романската виолинистка Ирина Муресану ги освојува срцата на публиката и на критичарите со нејзините возбудливи, елегантни и искрени изведби на класичниот, романтичен и модерен репертоар. Бостон Глоуб ја пофали како „не само виртуоз, туку и уметник“, а Лос Анџелес Тајмс напиша дека нејзиниот „музички сјај, топена лирика и колоритна концепција ја прават изведбата на Ирина Муресану особено восхитувачка“. Свири на виолина од 450.000 евра и е лауреат и добитничка на главната награда на натпреварите за виолина во Монтреал Интернационал, Вашингтон Интернационал, Про Музицис Интернационал и наградата Кралица Елизабета 2.

На настапот во Скопје му претходи претставувањето на концертот „Фузија” пред српската публика, три дена претходно, во една од најпрестижните сали на Балканот, легендарната сала „Коларац” во Белград.

Организаторите најавуваат исклучително уникатна програма. Премиерно пред македонската публика ќе се изведат комплексните и виртуозни дела од Б. Бритн – „Варијации на тема од Френк Бриџ” и „Романска рапсодија” бр.1 од Ж. Енеску како и популарните „Четири годишни времиња” од А. Вивалди и А. Пјацола.

– „Можноста за уметникување и споделување на сцената со врвни уметници од САД и Србија, кои премиерно гостуваат и настапуваат во нашата земја, ни причинува огромно задоволство и предизвик. Верувам дека концертот ќе биде уникатен и оригинален настан кој со сигурност ќе ги задоволи вашите уметнички критериуми.“ – изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на камерниот оркестар „Профундис“.

Инаку, настанот ќе се одржи на 2 ноември (среда) во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија. Влезниците, по цена од 500 денари, се продаваат преку продажната мрежа на МКТикетс и на билетарата на Македонската филхармонија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Концерт на Македонски Брас Квинтет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска