Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2019“ вечер продолжува со Томе Костовски, лауреат на 9-тиот пијано натпревар што се одржа на фестивалот во овој град.
Концертот ќе се одржи во салата на клавирите во битолскиот Музеј, а на програмата се дела од Шопен и Шуман.
Гостувањето на уметници од странство ќе почне утревечер со дуо хармоника-пијано, односно со концерт на Џанкарло Калабриа и Симоне Пагани од Италија кои ќе изведат дела од Франк, Вецоли, Бруни, Пиацола и Галиани.