Концерт на пијанистот Крсте Бадаровски во Прага

Од:

Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка, вечер во палатата „Палфи” во Прага  ќе се одржи концерт на чешка и македонска класична музика.

Концертот е по повод одбележување на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република, во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

На програмата се дела на Бедрих Сметана, Антонин Дворжак, Драган Шуплевски, Тодор Скаловски, а како гости ќе настапат чешки и македонски уметници, Алена Шисткова (виолончело), Виктор Ангелов (виолина), Александар Бадаровски, (гитара), Петра Вондрова (мецосопран) и Војтех Подроужек (обоа).

Дваесет и петгодишниот Бадаровски ја започнал кариерата како еден од најдобрите студенти на државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј” во Скопје, од каде продолжил на Музичкиот конзерваториум во Прага.

Досега има настапувано во Чешка, Италија, Србија, Хрватска и во Македонија. Добитник е на неколку државни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои прво место во Србија и второ на Меѓународниот натпревар во Њујорк.

Концертот е организиран од Македонската амбасада во Прага, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска