Македонската пијанистка Даница Стојанова синоќа одржа целовечерен концерт во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија.
Како што соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија, на програмата беа дела од македонските композитори Ристо Аврамовски – „Прва исповедна молитва”, Томислав Зографски – „Свита за пијано” и Гоце Коларовски – „Свита за пијано”, како и од од Фредерик Шопен „Мазурки оп.24″ и Николај Медтнер „Соната реминесценца 0п.38 бр.1″.
Стојанова со својата извдеба измами долги аплаузи, а на бис ја исполни „Елегијата” од Сергеј Рахмањинов.
Даница Стојанова беше претставена од Елена Драгостинова од Музичкиот центар „Борис Христов” и од Васко Шутаров кој го организираше концертот.