Концерт на Петруш Петрушевски-контрабас и Сара Пројковска Николовска-пијано

Од:

Во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа на малата сцена на Велешкиот народен театар концерт одржа Петруш Петрушевски на контрабас со пијано придружба на Сара Пројкоска Николовска, и двајцата професори на Факултетот за музичка уметност од Скопје.

Пертрушевски и Пројкоска Николовска настапија со Соната за контрабас и пијано во Ф-дур од Џовани Батиста Перголеси, со „Apres un reve“ од Габриел Фауре, со Три пиеси за контрабас и пијано од РудолфТулачек, Елегија за контрабас и пијано од Џовани Ботесини и со „Nine variants on Paganini“ од Франк Прото.

Со својот врвен настап, ја воодушевија присутната публика која ги награди со долг и силен аплауз и го врати на бис на сцената контрабасистот Петруш Петрушевски кој отсвири уште една композиција.

По концертот контрабасистот Петруш Петрушевски изјави дека е воодушевен од публиката и од малата сцена на новиот театар каде настапува првпат. Според него, има извонредна акустика, а просторот е интимен за свирење.

Тој им порача на луѓето, посебно на младите да пратат класична музика бидејќи, како што рече, ќе разберат и самите дека тоа го збогатува нивниот дух.

Пијанистката Сара Пројковска Николовска изјави дека целта на сите концерти е да проникне до чувствата на оној кој ја слуша музиката, а ако тоа се случи значи дека концертот бил успешен.

– Верувајте, ние вечерва ви свиревме со голема љубов и сакавме да ви испратиме позитивни вибрации, да уживате во оваа класична музика која ја свиревме за публиката, која внимателно не слушаше, потенцира Пројковска Николовска.

Петрушевски како солист досега освен во Македонија имал настапи и во Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Италија, Чешка и Германија.

Пројковска Николовска настапила на фестивалите „Охридско лето“ и „Скопско лето“, „Денови на македонската музика“, како и во Турција, Чешка, Франција, Италија и други земји.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска