Концерт на „Николов-Ивановиќ Ундектет“ во Филхармонија

Од:

Во вторник, со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија концерт ќе одржи ансамблот „Николов- Ивановиќ Ундектет“. Врската помеѓу традицијата и модерното, „старите добри“ времиња и современиот пристап кон музиката, е пресвртница на целата сегашна и идна џез-сцена. Дали постои златна средина, основа на која се среќаваат и коегзистираат овие две, навидум спротивставени тенденции? Единаесетчлениот бенд на композиторот Владимир Николов и тапанарот Срѓан Ивановиќ, се обидува да даде одговор на токму на ова прашање.

Двајца балкански музичари со респектабилна интернационална кариера се вистинскиот избор за ваков експеримент. Додека Николов е истакнат во својата работа како аранжер и композитор со светски оркестри и ансамбли, Ивановиќ е нешто поактивен во помали формации.

Публиката го познава како лидер на бендот „Blazin’ Quartet“, претставувајќи ја оригиналната визија за приклучување кон модерниот европски џез со балкански влијанија. Угледниот Jazz Times овој ансамбл го вброи меѓу најкреативните големи џез-ансамбли во Европа.

Оркестарот е составен од внимателна селекција на музичари од помладата и средната генерација од балканскиот регион, измешани со уште помлади сили од Франција – во модерен џез-ансамбл.

Нивниот трет албум „Дистопија“ е нова приказна со девет авторски композиции, кои обработуваат социјални и протестни теми. Овој албум ќе биде издаден во Србија и во земјите на поранешна Југославија во декември 2023 година, а во остатокот од светот – во 2024 година.

Првиот сингл од овој албум, „Scream“, веќе е објавен на Јутјуб. Концертот во Скопје, на 12 декември, е дел од промотивната турнеја на новиот албум на „Николов-Ивановиќ Ундектет“.

Би можело да ве интересира

Kонцерт на Џез триото АУМ

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Концерт „Најдоброто од Копров” на „Скопско лето“