Македонската филхармонија вечер на концерт во Салонот на МОБ традиционално ќе ги претстави најмладите таленти, ученици од државните музички училишта во Македонија избрани по пат на селективни аудиции за настап со оркестарот.
Под диригентската палка на Ле Фи Фи како солисти ќе настапат младите таленти Ивана Јанаќиева на пијано, Мила Јаневска сопран, Тамара Тодоровска на виолончело, Ева Богоевска на виолина и Љубица Делева на виолина од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, Христијан Јовановски на кларинет од ДМУ – Битола и Демир Кантуровски на кларинет од ДМУ „Сергеј Михајлов“ – Штип.
На програмата се дела од Моцарт, Вебер, Брух, Сарасате, Мендес и Виењавски, а влезот на концертот е слободен.