Концерт на музичкото училиште „Стефан Гајдов“’ во Велес

Од:

Со свечен завршен концерт синоќа во салата на новиот театар, учениците и вработените од ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес одбележаа 72 години постоење и континуирана педагошка дејност на ова прво отворено музичко училиште во Македонија.

Најодличните ученици по инструментите: клавир, виолина, виолончело, флејта, кларинет и класична гитара настапија со популарни дела од класиката од Клементи, Черни, Шуберт, Хајдн, Шопен, Лист, Вивалди со познати сонати, валцери, етиди дела како: Кан Кан, Ла палома и на крајот со Алегрето од Моцарт, Народна Хавајска „Поздрав“ и „Јамајска Румба“ на виолини настапи виолинскиот оркестар на музичкото училиште.

Воедно на свеченоста беа прогласени и најдобрите ученици за оваа учебна 2016/2017 година, а тоа се Ивана Арсовска и Теона Гурбанска.

Директорот Благој Каракачанов информира дека и во оваа учебна година во континуитет како и во сите изминати години учениците се добитници на голем број награди на државните и меѓународни натпревари по инструментите пијано, виолина, виолончело, кларинет, а со што и оваа учебна година се меѓу најдобрите музички училишта во земјава.

– Тоа е резултат на успешната работа на нашите професори по сите инструменти и одличната подготвеност нашите ученици кои вредно и континуирано вежбаат и како резултат од тоа од година во година постигнуваат се поголеми и поголеми резултати. Голем дел од нив потоа го продолжуваат музичкото образование во средните музички училишта и Академиите за музичка уметност во земјава, потенцира Каракачанов.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска