Во рамки на 16-та манифестација „Есенските музички свечености“ вечер концерт ќе имаат Момчило Куфојанакис-виолина и Весна Ангелова-пијано. Концертот ќе се одржи во Културно-информативниот центар-Скопје, во Салонот 19,19.
Манифестацијата ќе заврши в понеделник со настапот на оперското дувачко трио на МОБ, уметниците Татијана Петрушевска-обоа, Игор Бакевски-кларинет и Марјан Милошевски-фагот.