Концерт на Младински супер оркестар за отворање на 38. „Денови на македонската музика“

Од:

Со концертот на Младинскиот супер оркестар во среда од 19 часот во Македонскиот народен театар ќе почне 38-миот фестивал „Денови на македонска музика“, кој го организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Концертот на Младинскиот супер оркестар е заеднички проект на музичките училишта од Љубљана, Белград и Скопје. Тоа е интернационален симфониски ансамбл кој го сочинуваат млади и талентирани музичари. Диригент на оркестарот е Јелена Шушниќ, која е долгогодишен музички педагог и идеен творец на проектот.

Програмата на концертот ќе го презентира словенечкиот, српскиот и македонскиот фолклор, преку делата создадени од прославени композитори. Ќе бидат изведени „Словенски народни танци“ од Алојз Среботњак, „Голема чочек игра“ од триптихот „Коштана“ на српскиот композитор Петар Коњовиќ, „Тешкото“ од Глигор Смокварски и композицијата „Пијан танец, Пајдушко“ од Сони Петровски.

Концертот е поддржан од Министерството за образование. Влезот е слободен, а за резервација на билети посетителите може да се обратат во СОКОМ, на телефон: 02/3119 824 или на: [email protected].

Деновите на македонската музика ќе траат до 9 април и, како што соопшти СОКОМ, ќе понудат програма на која ќе прозвучат дела од скоро сите генерации македонски творци. Ќе има настапи на голем број уметници од Македонија и од странство. 

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска