Концерт на млади виолинисти „Виолин Фест“ на 12-ти јуни

Од:

На 12-ти јуни со почеток во 20.00 во камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи седмиот по ред концерт на млади виолинисти „Виолин Фест“.

На овој концерт, кој прерасна во еден вид традиција, своите вештини на инструментот ќе ги прикажат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова.

Несекојдневениот концерт има за цел да овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта, и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа.

Овој проект е во организација на концерт мајсторот на Филхармонијата, Владимир Костов и е поддржан од Министерството за култура.

Влезот е слободен

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска