Дела на млади македонски композитори ќе бидат изведени вечер во Музејот на Град Скопје во рамки на годинашната манифестација „Денови на македонската музика“.
Публиката ќе има можност да слушне дела од Андреј Блажевски, Маријана Јаневска, Никола Коларовски, Маја Јовановска, Филип Иванов, Кирил Крстевски, Ангел Спироски и Алмир Бајрамоски.
Младите композитори се студенти на Факултетот за музичка уметност Скопје, од класите на професорите Јана Андреевска, Сони Петровски и Дарија Андовска.
Композициите премиерно ќе ги изведат млади исполнители меѓу кои Душко Дембовски, Билјана Камчева, Александра Петковска, Стефан Алексовски, Полина Тасева, Ања Јагодиќ, Петруш Петрушевски, Јане Дунимагловски и др.