На 18-ти јуни, 2017 година, со почеток во 20 часот, во Националната Галерија Даут Пашин амам во Скопје, солистички концерт ќе одржи сопранот Милица Добај од Црна Гора во придружба на Ема Попивода – пијано.
На програмата ќе се изведат композиции од Дебиси, Рахмањинов, Верди, Лехар, но и арии од првата црногорска опера „Балканската царица“. Во духот на фестивалската програма, Милица ќе изведе и композиции од Хатце како и арија од Шонберг од филмот „Les Miserables”.
Специјален гостин на вечерта ќе биде Наташа Сарџоска – поет и писател, која ќе чита извадоци од своите книги „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“ и „Жива вода“ на повеќе јазици.
Концертот се реализира во рамките на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2017“ кој е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и со поддршка на Националната галерија на Македонија.