Во Музејот на град Скопје вечер концерт ќе одржи италијанското дуо пијано Марко Скиаво и Серџио Маркеџиани, кои ќе изведат дела од Франц Шуберт и Јоханес Брамс.
Организатор на концертот е „Скопско лето“ кое соопшти дека двајцата уметници настапувале во познати музички центри, како Карнеги Хол во Њујорк, Концертхаус и Музикферајн во Виена, Дворжак Хол во Прага, Берлинска фихармонија и Бетовенската куќа во Бон…
Секој од нив снимил повеќе солистички компакт-дискови, а во 2014 година објавиле заедничко ЦД со музика од Франц Шуберт.