Концерт на Марија Муратовска Наумовска и Елена Атанасовска Ивановска

Од:

Концерт на класична музика на Марија Муратовска Наумовска-сопран, а во пијано придружба на Елена Атанасовска Ивановска се одржа на малата сцена во Народниот театар.

Тие настапија со дела од Пучини, Лехар и Штраус и на крајот изнудија долг и силен апауз од публиката. Двете уметници изминатите години настапувале на сцени во Велес, но првпат заедно и првпат на малата сцена во театарот во Велес.

– Првпат настапувам во овој простор, а публиката беше прекрасна. Изведував дела од Пучини и првпат ја изведов целата програма во Македонија. Тоа се соло песни од Пучини. Бидејќи Македонија нема традиција на оперети посакав да пеам арии од оперети и имаше неколку кои беа прифатени на воодушевување на публиката, онака како што очекував, изјави по концертот Маратовска Наумовска.

Елена Атанасовска Ивановска пијано исто така изрази задоволство што настапила пред велешката публика.

– Секогаш со задоволство настапувам во Велес. Во оваа сала имате прекрасни услови за концертно музицирање и чест ми беше што настапив со професорката Муратовска Наумовска, позната сопранистка, а на програмата беа дела кои беа промотивно изведени, изјави Атанасовска Ивановска.

Професорката од ФМУ Марија Муратовска Наумовска е наша позната сопранистка со меѓународна кариера. На оперската сцена настапила со бројни улоги како и на бројни културни манифестации.

Елена Атанасовска Ивановска е една од најуспешните и најафирмирани пијанисти во земјава, која активно учествува во музичкиот живот во земјава и странство. Работи како доцент по корепетиција и практика на ФМУ во Скопје.

Концертот е еден од трите концерти кои на двете врвни уметници како проект им ги додели Министерството за култура. По Куманово и Велес, третиот концерт е закажан за 17 мај во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска